Thursday, Mar 28, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈАвтомобилизамВозилата на фосилни горива стануваат историја за Норвешка

Возилата на фосилни горива стануваат историја за Норвешка

Норвешка ќе дише најчист воздух. Четирите големи норвешки политички партии постигнаа историски договор за забрана на продажбата на автомобили кои функционираат на бензин и дизел во земјата, а регулативата треба да стапи во сила од 2025 година.

Оваа одлука е дел од новата енергетска политика на земјата, која цели целосна забрана на фосилните горива. Во исто време Норвешка е и еден од најголемите извозници на нафта во светот. Решението треба да биде дооформено како закон, по што ќе стапи на сила.

Во моментот Норвешка веќе е државата со највисок процент на продажби на нови електрични автомобили во целиот свет (24 проценти), што го прави целото откажување од бензински и дизел мотори пологички и полесен чекор.

Порталот Некст Веб споредува, во САД електричните автомобили сочинуваат само 0.66 проценти од продажбата на нови автомобили. Други држави кои размислуваат за слична политика, се Холандија и Индија.