Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаВозете внимателно – голомразица на дел од патиштата

Возете внимателно – голомразица на дел од патиштата

Ниските температури направија голомразица на дел од патиштата извести АМСМ. Сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани и застои, по наместа влажни коловози. Поради ниски температури, на повисоките планински и осојничави места можна е појава на голомразица, соопшти изутринава Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).

Се препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и планирање на патувањето според временските услови. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово – Стража, Демир Капија – Удово и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.

Во сила е законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.