Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАСветВоздушни напади во Либија, најмалку 40 мртви

Воздушни напади во Либија, најмалку 40 мртви

Најмалку 40 лица загинаа во воздушни напади што утринава ги извршиле неидентификувани војници во западниот либиски град Сабрата, соопштија либиските власти. Весникот „Њујорк тајмс“, цитирајќи западни претставници, јавува дека нападот го извршиле САД.

Градоначалникот на Сабрата, Хусеин ал-Тауди, соопшти дека авионите почнале да дејствуваат околу 3.30 часот, кога била погодена зграда во квартот Каср Талил, во кој живеат странски работници. Тој рекол дека 41 лице загинале, а шест се повредени. Сабрата се наоѓа во близина на границата со Тунис и е едно од подрачјата во кое има припадници на Исламска држава.

„Њујорк тајмс“ пренесе дека мета на денешниот напад бил висок оперативец од Тунис, поврзан со минатогодишните напади на ИД во оваа земја.