Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАСветВоздушен напад во Дамаск, 16 жртви

Воздушен напад во Дамаск, 16 жртви

Најмалку 16 лица го загубиле животот, а 50 биле повредени во воздушен напад во Хамуријех, во близина на престолнината Дамаск, соопшти сириската опсерваторија за човекови права.

За сега не е познато кој е одговорен за овој напад. Хамуријех е база на сириските опозициски сили во подрачјето на Источна Гоута, која се наоѓа недалеку од сириската престолнина.