Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаВоздухот во Македонија опасен по живот – ДОМ бара итни мерки

Воздухот во Македонија опасен по живот – ДОМ бара итни мерки

Воздухор опасен по живот. Густата магла говори за енормната загаденост на воздухот, а поради штетните ПМ 10 честички граѓаните се изложени на сериозни белодробни заболувања. Според Светска банка, Македонија е на прво место на листата по изложеност на граѓаните на загаден воздух со опасни, канцерогени цврсти честички, што е најголема причина за повеќе од 1.350 смртни случаи годишно во земјава, поради разни болести на дишните патишта и рак.

Загадувањето на воздухот во Скопје изнесува речиси 8 пати над дозволеното, а во Кичево и Тетово канцерогените ПМ10 честички се 7, односно за 8 пати над дозволената концетрација, додека во Битола речиси 6 пати над границата – реагираа од СДСМ.

Додека партијата ДОМ излезе со барање за донесување 10 итни мерки за справување со загаденоста на воздухот.
1. Владата да прогласи вонредна состојба со згадудувањеето!
2. Да се прогласи вонреден режим на однесување ВЕДНАШ и истиот да трае ДО КРАЈОТ НА ЗИМАТА, без броење 5 или 10 дена со надминати вредности, небаре 9 дена во смог не се доволно алармантни!
3. Да се стопираат градежните активности во градските средини!
4. Да се смени сообраќајниот режим во градовите, со воведување на задолжителна „зелена“ зона ослободена од возила, прогласување на пешачки и велосипедски зони во центарот на градовите и забрана за движење на тешки возила во градски подрачја и нивно упатување на обиколниците!
5. Да се отстранат од сообраќај сите возила под Евро 4 стандардот од градскиот сообраќај, нивно итно обележување со налепница на предното стакло на возилото! Истовремено, Владата итно да го уреди увозот на возила со овој стандард!
6. Да се зголеми бројноста на автобуси во јавниот превоз во оние градови каде тој постои!
7. Да се мијат СИТЕ улици со ВОДА, на стар домаќински и евтин начин!
Владата да даде буџетска поддршка за набавка на течен гас, печки со целосно согорување, сончеви панели за топла вода и изолација на домовите!
8. Да се прави СЕРИОЗНА контрола на работата на индустриските постројки, посебно на горивата што ги употребуваат!
9. Да се собира редовно и прописно отпадот и да се остава на пропишана депонија!
10. Да се поправат сите мерни станици за квалитет на воздух, за да следиме што ни се случува!