HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаВозач усмртил велосипедист во Штип

Возач усмртил велосипедист во Штип

Голема трагедија се случила вчера во Штип, возач усмртил велосипедист, па потоа и тој починал поради тоа што бил под голем стрес и неможел да прифати одговорност за туѓа смрт.

Несреќата се случила на излезот од Штип во близина на населбата Баби, кога директно се судриле лада нива и велосипед. Судирот не го преживеал велосипедистот со иницијали С.С. на возраст од 80 години. Веднаш бил извршен и увид на местото на настанот од страна на Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Штип. 12 часа подоцна, почина и возачот на ладата, 51-годишен жител од Штип.

Според информациите добиени од полицијата, неговата смрт се води како природна, но веројатно таа е последица на претрпен стрес од сообраќајката.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com