Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаВозачот кој прегази девојка кај Универзална е обвинет

Возачот кој прегази девојка кај Универзална е обвинет

По речиси седум месеци Основното јавно обвинителство поднесе обвинение за 26 годишниот возач кој во април кај Универзална сала на пешачка премин ја прегази младата Фросина Цековска од Крива Паланка. Против осомничениот е покренато обвинение за тешко дело против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот и неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода.

При досегашната истрага е утврден идентитетот на возачот на автомобилот Хонда Прелуде“ со методот на ДНК анализа иако претходно семејството на Цековска тврдеше дека се сомневаат кој е вистинскиот возач бидејќи отпечатоците од прстите со папиларните линии на палецот не се софпаѓале, имало бришење на отпечатоци докази и дека се прави обид за прикривање.

Во текот на истрагата врз основа на Вештиот наод и мислење е утврдено пречекорување на брзината со кое е управувано возилото, како и непосветување на должно внимание од страна на осомничениот при приближување кон крстосница со означен пешачки премин. При токсиколошките анализи откриено е присуство на 1,23 промили на алкохол во крвта кај осомничениот во моментот на случување на сообраќајната несреќа стои во објаснувањето на ОЈО.

фото: telegraf.mk