Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаВозач на комбе загина на патот Кичево – Демир Хисар

Возач на комбе загина на патот Кичево – Демир Хисар

Во тешка сообраќајна несреча утрово прилепчанец загина на регионалниот пат Кичево – Демир Хисар, во близина на каменоломот на Трансмет. Несреќата се случила околу 7 часот и според првичните информации, до несреќата дошло кога товарно комби „ситроен џамбо“ со прилепски регистерски таблички удрило во камион-влекач паркиран надвор од патот. Во несреќата загинал возачот на комбето Мендо Г. (42) од прилепското село Воѓани.