HomeДЕНЕШНАСветВоз влетал во станица во Њу Џерси, една жртва и 100 повредени

Воз влетал во станица во Њу Џерси, една жртва и 100 повредени

Патнички воз влетал во транзитната станица Хобокен во Њу Џерси и направил огромна материјална штета. Најмалку едно лице починало, додека повеќе од 100 биле повредени. Патниците кои се наоѓале на станицата сведочат дека возат буквално пролетал преку неа.

На фотографиите од местото на настанот се гледа оштетениот воз „Транзит Њу Џерси“ внатре во станицата во Хобокен, окружен со рушевини. Според прелиминарните извештаи најмалку едно лице починало, а повеќе од 100 биле повредени од кои многу се наоѓале во критична состојба. Патникот од другиот вагон кој влетал во станицата напишал дека „се среќни што се живи“. Несреќата се случила во околу 8:30 часот по локално време.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com