Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаВоз удрил во автомобил, едно лице загина

Воз удрил во автомобил, едно лице загина

Вчеравечер, во 21 часот се случила железничка незгода помеѓу воз кој сообраќал на релација Кичево-Скопје и возило „Фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од страна на О.Б.

-Незгодата се случила по тргнување на возот од стојалиште Орешје кон железничка станица Радуша на првиот патен премин од левата страна. Од ударот возачот на автомобилот се здобил со тешки повреди по што починал на местото на настанот, информираат од полицијата.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Скопје.