Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАСветВоз излета од шините во Луцерн, тројца се хоспитализирани

Воз излета од шините во Луцерн, тројца се хоспитализирани

Воз што сообраќал на релацијата Милано – Базел вчера излета од шините на станицата во швајцарскиот град Луцерн, при што се повредени неколку лица, соопшти полицијата.

Според претставници на Железници на Швајцарија еден вагон се превртел кога возот „Евросити“ ја напуштал станицата во Луцерн.

Тројца од повредените лица се хоспитализирани.

Сите патници се евакуирани, а железничкиот сообраќај е во прекин.