HomeДЕНЕШНАСветВојската на Ирак влезе во Мосул, градот пред ослободување

Војската на Ирак влезе во Мосул, градот пред ослободување

thumbs_b_c_7d1d9a6a55976538a227d6c461befd83

Војската на Ирак навлезе во периферијата на Мосул и напредуваат кон центарот и покрај жестокиот отпор на Исламската држава, која го држи градот, изјави ирачки генерал.

Војниците влегоа во квартот Гоџали и се наоѓаат на 800 метри од квартот Карама кој е во самиот центар. Според генералите на теренот силите на ИС возвраќаат и се обидуваат да спречат напредување. На патиштата кои водат кон градот се поставени бомби.

Ова е првпат ирачките сили да влезат во Мосул од 2014 година кога екстремистите на ИС го зазедоа градот. Мосул е последното упориште на ИС во Ирак. Во него тие го прогласија калифатот до Сирија и нивниот губиток ќе значи голем пораз за џихадистите.

Сепак, влезот во Мосул може да биде бавен и макотрпен процес за војниците кои треба да се впуштат во тешки борби од куќа во куќа во самиот град. Според војката тие се наоѓаат на околу 8 километри од градот.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com