Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАСветВооружен напад во кино во Луизијана -најмалку тројца загинати

Вооружен напад во кино во Луизијана -најмалку тројца загинати

Вооружен маж отворил оган во кино во американската сојузна држава Луизијана, при што убил најмалку три и  ранил уште седум лица, пред да се самоубие, соопштуваат американските медиуми, повикувајќи се на официјални претставници.

– Инцидентот се случи во „Гранд Театар“ во градот Лафает, изјави Клеј Хенри, претставник на службата за итна помош во државата Луизијана.

Тој прецизира дека осум лица биле пренесени во болница и дека е утврдена смртта на тројца, од кои едниот бил напаѓачот.

Според податоци на медиумите, ранети биле вкупно девет лица.

Нападот се случил за време на проекција на филмот „Train Wreck“ од 19 часот по локално  време.

Пред речиси три години во градот Орора, во државата Колорадо, се случи сличен напад кога загинаа 12 лица.