Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионВооружен напад пред канцеларијата на турскиот премиер

Вооружен напад пред канцеларијата на турскиот премиер

Две вооружени лица денеска се испукале неколку куршуми на полицијата која ја обезбедувала палатата Долмабахче во која е сместена канцеларијата на премиерот. Турските медиуми соопштуваат дека на местото на настанот дошле амбулантни коли и дека патиштата биле затворени. Но, нема информации за евентуални жртви. Лицата кои пукале се обиделе да избегаат, но брзо биле фатени од турската полиција и приведени.

Инцидентот се случува во време на ескалација на насилствата меѓу турските безбедносни сили и курдските бунтовници.

Утрово осум турски војници загинаа во бомбашки напад во југоисточниот турски округ Сирт. Експлозијата на бомбата се случила при преминување на оклопно возило, во кое се наоѓале војниците. Бомбата била поставена покрај патот Сирт – Первани. Турските сили за безбедност презедоа масовна операција за пронаоѓање на извршителите на нападот.