Tuesday, Apr 23, 2024
HomeАЈНШТАЈНИЈААрхеологија и ИсторијаВонземски череп пронајден во Русија

Вонземски череп пронајден во Русија

Руските археолози пронајдоа необичен скелет во Акраим кој датира пред неколку илјади години, но тоа што е необично е черепот кој има издолжена конусна форма што веднаш ги алармираше Уфолозите и нивните тврдења дека многу одамна Земјата била посетена од вонземјани и што уште не.

vonzemski cerep2

Од друга страна пак антрополозите имаат своја многу порационална теорија за необичниот череп. Според нив на територија на Русија, Украина и Казакстан некогаш живеело племето Сармати каде жените користеле врвци со кои главата растела во издолжување и затоа се формирале необични черепи, но немаат претпоставка зошто го правеле тоа.

Ова објаснување не е доволно за Уфолозите кои имаат контра аргумент дека старото племе Сармати го имале овој обичај имитирајќи ги вонземјаните. Секако, потребни се повеќе истражувања на Сармати племето за неговите обичаи и култура која сигурно е многу фасцинантна и без присуство на вонземјани.