HomeДЕНЕШНАСветВонредна состојба во Шарлот, насилни протести за убиениот црнец, има престрелки

Вонредна состојба во Шарлот, насилни протести за убиениот црнец, има престрелки

Демонстрантите кои излегоа на улиците на Шарлот по убиството на Кит Ламонт Скот се судрија и со полицијата која е тешко вооружена и спремна за сузбивање на нереди. Гувернерот Пет Мек Крори мораше да прогласи вонредна состојба, а распоредена е и националната гарда која спроведе полициски час.

sarlot-protesti2

Гневната толпа која извикуваше „Раце горе, не пукај“ и „Црните животи вредат“ го демолираше хотелот Хајат, а во судирите тешко е повредено едно лице кое е во критична состојба, а се шпекулира дека е застрелано. Исто така повреден е и еден полицаец, најверојатно од огнено оружје. Полицијата употреби солзавци и димни бомби за да ги растера демонстрантите.

sarlot-protesti3

Медиумите пренесуваат две различни приказни за трагичниот настан, според едни сведоци Скот бил невооружен и не претставувал никаква закана, додека пак полицијата тврди дека во раката носел пиштол и морале да применат смртоносна сила.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com