Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаВонредниот партиски конгрес на ВМРО-ДПМНЕ ќе се одржи на 23 декември

Вонредниот партиски конгрес на ВМРО-ДПМНЕ ќе се одржи на 23 декември

Вонредниот партиски конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, на кој ќе се разгледува оставката на лидерот Никола Груевски, ќе се одржи на 23 декември.

„Во согласност со статутот на партијата, извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ одлучи да му предложи на централниот комитет на следната седница да почне процедура за организирање вонреден конгрес на партијата на 23 декември“, информираат од партијата.

Веднаш по завршувањето на маршот пред зградата на Владата вечерва, ВМРО-ДПМНЕ одржа седница на извршниот комитет, на која членовите на ИК најостро ги осудиле „политички монтираните обвиненија за тероризам и неоснованите притвори кои им беа изречени на партиски членови, уметници, актери и лица поврзани со настаните од 27 април“.

„Злоупотребата на државните институции кои под политички притисок на власта упаѓаа во домови и ставаа лисици на пратеници е акт на терор и газење на демократијата. Извршниот комитет заклучи дека ваквото безумие од страна на СДС ја турка државата во уште подлабока криза и затоа мора да се преземат чекори со кои ќе се стави крај на политичкиот прогон и на политичкиот реваншизам“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.