HomeДЕНЕШНАРегионВонредната состојба во Турција продолжува

Вонредната состојба во Турција продолжува

Турскиот парламент ја потврди одлуката на владата за продолжување на вонредната состојба за уште три месеца, воведена по неуспешниот државен удар од ноќта на 15-ти јули.

Вонредната состојба е продолжена за 90 дена, почнувајќи од 19-ти октомври, во еден час по полноќ по локално време. Гласањето во парламентот беше само формалност, бидeјќи владејачката Партија на правото и развојот (AKP), исламско-конзервативна партија на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган има мнозинство во парламентот.

Кон крајот на септември Ердоган се залагаше за продолжување на вонредната состојба и оцени дека не е доволен почетниот период од само три месеца, и спомена дури и продолжување на дванаесет месеци.

По неуспешниот обид за воен преврат од ноќта од 15-ти кон 16-ти јули, на 20-ти јули беше воведена вонредна состојба во траење до три месеци, којашто завршува на 19-ти октомври. Турските власти го оправдуваат воведувањето на овие вонредни мерки со продолжувањето на истрагата поврзана со обидот за пуч од страна на фракција во вооружените сили, за што го обвинуваат исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кој од 1999 година живее во доброволен егзил во САД.

Во врска со тие обвинувања во Турција се спроведуваат масовни чисти во државната администрација и воопшто во општеството – од министерствата, образованието, универзитетите, спортот, полицијата, војската, кривичните судови и медиумите, на осомничените за припадност на ѓулевистичкото движење Хизмет, па така

Според последните податоци од официјални извори од крајот на септември, уапсени се 32.000 лица, а против 70.,000 се водат истраги.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com