Вонредна дезинсекција во подрачјата зафатени од поплавите
Во четврток, Министерството за здравство ќе спроведе втора вонредна дезинсекција во која ќе бидат опфатени 6.000 хектари земја и посебно внимание ќе се обрне на местата кои беа зафатени од поплавите.
Авионската дезинсекција ќе се изврши во утринските часови, некаде во периодот од 5 до 8 часот, на подрачјата на деветте центри за јавно здравје – Куманово, Битола, Тетово, Кочани, Охрид, Прилеп, Штип, Струмица и Велес.
Поради ваквата активност, се известуваат лицата кои чуваат пчели, навреме да преземат потребни мерки за нивна заштита и да не ги пуштаат надвор во периодот на прскање.