HomeДЕНЕШНАПолитикаВонреден прес на СЈО – Ќе останеме во УБК до крај

Вонреден прес на СЈО – Ќе останеме во УБК до крај

Катица Јанева и Ленче Ристовска од Специјалното јавно обвнителство одржаа вонредна прес конференција со цел да се разјасни состојбата околу истрага поврзана со масовното прислушкување во УБК. Тие посочија дека имаат валидна судска наредба за целосна истрага и увид во системите на УБК за прислушкување, како и во целата документација.

Катица Јанева посочи дека таа ќе остане цела вечер во УБК додека не завршат сите истражни дејствија, односно ќе биде таму додека физички е возможно, но целиот тим на СЈО е ангажиран и ако треба истрагата ќе ја водат до нова година.

Ленче Ристовска кратко одговори дека постапуваат по судската наредба и за сите новинарски прашања кои се поврзани со истрагата, но и за сите теми кои се предмет на интерес ќе има одговори на прес конфренцијата закажана за во 11 часот.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com