HomeДЕНЕШНАРепубликаВолци задавиле стадо овци

Волци задавиле стадо овци

18 овци во кумановското село Орашац биле задавени од волци. Сопственикот веднаш повикал полиција и ветеринарна служба. Од СВР Куманово го потврдија случајот и денеска информираа дека увидна екипа излегла на терен и утврдила дека волци утрово во периодот од 02 до 03 часот, усмртиле 18 овци, десет биле повредени, но преживеале, а десетина овци избегале.

Ова е втор случај за четири дена во Кумановско, волци да напаѓаат стада. На 17-ти септември во Пчиња, волк задави десетина овци и кози.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com