Wednesday, Apr 24, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРФилмВолшебниците на Џ.К.Ролинг во новиот трејлер за Fantastic Beasts

Волшебниците на Џ.К.Ролинг во новиот трејлер за Fantastic Beasts

Од авторката Џ.К.Ролинг која ги напиша книгите за Хари Потер доаѓа нов филм The Fantastic Beast кој исто така се занимава со светот на волшебниците, но овој пат во Њујорк и тоа во 30-тите години на минатиот век.

Станува збор за сосема нова франшиза која нема да биде директно поврзано со младиот волшебник Хари Потер, но ќе се одвива во истиот универзум. За главен актер е одбран Еди Редмејн познат по добиениот Оскар за толкувањето на Стивен Хокинг.

Првиот целосен тизер трејлер открива многу детали за приказната на The Fantastic Beasts во кој негативец ќе биде актерот Колин Фарел играјќи го лошиот волшебник Перисвал Грејвс. Премиерата на Fantastic Beasts and where to find them е закажана за 18 ноември.