Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаVolkswagen не може да ги продава ниту новите автомобили

Volkswagen не може да ги продава ниту новите автомобили

Volkswagen влегува во уште еден мега скандал и откриени се нови проблеми во последната серија на произведени автомобили кои треба да излезат на пазарот во последните три месеци од оваа година.

martin-winterkorn-vw 2

Американската Федерална агенција за животна средина откри нов недостаток во помошниот контролен уред за испуштање на гасови кој работи слично како и кај постарите модели, односно ги прелажува тестови каде загадувањето на дизел моторите е мало, а во реалната потрошувачка значително поголемо.

martin-winterkorn-vw

Тоа значи дека автодилерите во САД сега ќе немаат никаков Volkswagen модел на располагање за продажба се додека овој систем не биде отстранет, а инжинерите на компанијата не работат со Американската Федерална агенција за животна средина за подобрување на стандардите.