Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаВолксваген укинува 40 модели на автомобили

Волксваген укинува 40 модели на автомобили

Германската автомобилска компанија Волксваген, ќе укине 40 модели автомобили кои ги нуди во каталозите. Автомобилската група до сега имаше околу 340 различни модели марки Сеат, Шкода, Ауди, Порше и Волксваген, во каталозите. Бројот на варијанти треба да падне под 300, а ќе се укинат моделите кои бележат послаба продажба.

Во последните неколку години, компанијата значително ја зголеми својата понуда, настојувајчи да ги освои купувачите. Целта беше да стане најголем произведувач на возила на светот. Многу основни модели се достапни со две или четири врати, како кабриолети и каравани. Поради тоа на Волксваген му стана управувањето на прозводството посложено и потешко со секоја нова варијанта на возила.

Со стратегијата на развој со 2025 година, која ја најави директорот на компанијата архотектурата на марки ќе биде ревидирана, уклучувајќи и намалаување на бројот на варијанти на модели.

Извор Макфакс