Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионВојската се крена против Ердоган

Војската се крена против Ердоган

Група на воени генерали од турската армија организирала пуч против власта на неприкосновениот претседател Реџеп Таип Ердоган, но нивните намери за рушење на режимот за почеток се неуспешни. Над главниот град Анкара прелетувале воени авиони ловци, а пред седиштата на повеќе касарни се забележани амбулатни возила.

ankara vojska

Премиерот Јилдерим кратко изјавил дека е вистина за обидот за насилно преземање на власта од страна на мала група од армијата, но дека нема никој да дозволи да се наруши демократијата во Турција.

Засега нема потврда дали дошло до судири меѓу воените сили и дали има жртви. Ситуацијата се уште се развива и пристигнуваат информации дека и војска е распоредена на улиците на Анкара. Друг извештај на BBC тврди дека војската започнала со блокирање на мостовите во Истанбул, но не се знае од чија страна, дали од поддржувачите на Ердоган или од „пучистите“.

Ќе продолжиме да ве информираме за развојот на настаните.