Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаВојска и полиција на терен, се стравува за жртви од невремето

Војска и полиција на терен, се стравува за жртви од невремето

Откако силното невреме доведе до целосно парализирање на Скопје и голем број на граѓани се пожалија и апелираа на социјалните мрежи дека итно им треба спасување на терен излегоа екипи на армијата на Република Македонија по наредба на претседателот Иванов, како и спасувачки екипи од специјалните единици на МВР.

nevreme bager

Засега од неофицијални извори меѓу државните институции се претпоставува дека има и неколку човечки жртви од целосно поплавените домови, односно од лица кои не можеле навреме да избегаат од огромната надојдена вода.

nevreme gradonacalnici

Градоначалниците Трајановски и Трајковски беа во општина Гази Баба, а исто така ангажирани беа и екипи од министерот за труд и социјална политика Диме Спасов кој им вети помош на сите на кои им е неопходна во критичната ноќ.

nevreme skopje

Со оглед дека временските прилики воопшто не се подобрени и денешниот ден ќе мора сите институции да го проследат будни бидејќи можно е ново силно невреме со интезивен дожд.

Фото: kurir.mk