Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаОтпуштените професионални војници со закон ќе се враќаат на работа

Отпуштените професионални војници со закон ќе се враќаат на работа


Февруари 2016-та е месецот до кој се очекува да биде решен статусот на околу 140 професионални војници кои по завршувањето на работниот ангажман во АРМ не беа вработени.

Решението за нивниот статус, во форма на Предлог азкон за измена на Законот за служба во Армијата на Република Македонија, во име на пратеничките групи на ВМРО – ДПМНЕ и ДУИ го поднеле Емил Димитриев и Талат Џафери. Со поднесениот Предлог закон се предвидува можност за вработување на сите професионални војници на кои им престанал работниот однос по основ навршување на максимална старосна граница.

Емил Димитриев– На еден начин ова претставува континуитет, но во исто време е и конечна разрешница и завршница на процесот за решавање на статусот на професионалните војници кој започна најпрво со решавање на статусот на овие војници кои се во служба на Армијата, околу 4000 луѓе, потоа статусот и вработувањето на професионалните војници кои беа евидентирани во Агенцијата за вработување на Република Македонија на 31 декември 2013 година како невработени лица и сега го завршуваме процесот со третата група со вработување на сите останати професионални војници  на кои работниот однос во АРМ им престанал по основ на навршување на максимална старосна граница, рече Димитриев во изјавата пред македонскиот Парламент.

Одредбите на предложениот закон се многу прецизни и го регулираат начинот на вработувањето со конкретни рокови.

– Во него е предвидено вработувањето на овие од прилика 140 професионални војници да заврши најдоцна до крајот на февруари 2016 година. Претходно тие треба да поднесат барање за вработување до Министерството за одбрана, за што краен рок е крајот на месец јануари. Има период од еден месец во кој МО би имало период да ги испланира и организира работите околу нивното вработување, истакна Димитриев.

Штрајк професионални војнициПрофесионалниот војник  Марјанчо Гурбански, претседател на координативното тело на отпуштени професионални војници, истакна дека со ова се решава едно горчливо прашање во врска со професионалните војници кои се уште имаат нерешен статус.

Ова решение се однесува на категорија на луѓе која е многу значајна бидејќи, како што посочи, извршувале исклучително важни задачи за државата. Предлагачите очекуваат поддршка од опозицијата за овој закон.

Н.С