Saturday, May 27, 2017
HomeДЕНЕШНАРепубликаВојници на Фронтекс ќе се распоредат на македонско-грчката граница

Војници на Фронтекс ќе се распоредат на македонско-грчката граница

SONY DSC

Доаѓа европско засилување на македонско-српската граница. Ќе бидат распоредени припадници на Европската агенција за управување со оперативна соработка на надворешните граници на ЕУ – Фронтекс, одлучи ОБСЕ на вчерашниот состанок во Белград.

Според постигнатиот договор, 400 припадници на Фронтекс од наредната недела на грчката граница со Македонија треба да помагаат во регистрацијата на бегалците и мигрантите.

– Конечното упатување на Фронтекс на грчко-македонската граница е добар сигнал. После долго убедување мислам дека тоа ќе помогне во надминување на тензиите кои постоеја во изминатиот период и конечно мислам дека ќе можеме да ја подобриме соработката со грчките власти, бидејќи присуството на Фронтекс ќе значи помош и во делот на регистрирање и определување на натамошно процесуирање на мигрантите, изјави шефот на македонската дипломатија Никола Попоски, кој учествува на Конференцијата во Белград.