Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАСветВојник од прва класа еден од снајперистите кој масакрираше полицајци

Војник од прва класа еден од снајперистите кој масакрираше полицајци

Мажот осомничен дека со снајпер усмртил пет полицајци во Далас, а подоцна беше и тој убиен од страна на полицијата, е идентификуван како 25-годишен Афроамериканец Мајк Џонсон. Медиумите пренесуваат дека тој бил член на резервниот состав на американската војска. Нападот се случил на само неколку блокови од местото каде бил убиен Џон Ф. Кенеди. Барак Обама истакна дека Америка е во шок после овој инцидент и дека никогаш нема да има никакво оправдување за вакво нешто.

Цел на напад на снајперистот биле само полицајци кои биле белци, гневен поради убивањето на црнците, истакнал шефот на полицијата Дејвид Браун и додал дека уште три лица се наоѓаат во притвор.

Градоналачникот на Далас истакнал дека пет полицајци биле убиени, додека седум полицаји и двајца цивили биле повредени после овој напад.