Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАСветВојната во Сирија до сега однесе 240 илјади животи – 12 000 од нив се деца

Војната во Сирија до сега однесе 240 илјади животи – 12 000 од нив се деца

Повеќе од 240 илјади луѓе, меѓу кои 12.000 деца, загинаа досега во војната во Сирија која почна во март 2011 година, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права.

Според најновите податоци на оваа група со седиште во Лондон, која се потпира на широката мрежа на извори на терен, во Сирија животот го загубиле 240.381 лице, што е речиси за 10.000 повеќе во однос на податоците од 9 јуни, пренесува Ал Џезира.

Во судирите загинале 71.781 цивил, вклучувајќи 11.964 деца, наведува Сириската опсерваторија.

Најмалку 88.616 припадници на сириските безбедносни сили загинаа, или една третина од вкупниот број настрадани, од кои 50.570 се војници, додека останатите жртви се придружни борци.

сирија vojna 1

Меѓу загинатите се 42.384 бунтовници и 34.375 странски борци, додека на 3.225 лица кои загинале идентитетот не им е познат, се додава во соопштението.

Судбината на 30 илјади лица кои се водат како исчезнати, вклучувајќи и 20.000 за кои се верува дека се во сириските затвори, не се документирани во овој биланс.

Не е земена предвид ниту сидбината на илјадници припадници на силите лојални на режимот кои се во заробеништво на бунтовничките фракции или на групата Исламска држава, пренесува Танјуг.

Грѓанската војна која беснее во Сирија почна пред повеќе од четири години со антивладини протести и жестока пресметка на властите со демонстрантите.