Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаВоени хеликоптери ги исплашија скопјани – од АРМ велат дека е вежба

Воени хеликоптери ги исплашија скопјани – од АРМ велат дека е вежба

Хеликоптери на АРМ околу пладне исплашија скопјани, откако триесетина минути летаа над централното подрачје на Скопје.

Од Генералштабот на АРМ, за „Мета“ велат дека нема причини за паника, бидејќи не станува збор за никаква вонредна ситуација, туку во прашање се редовни вежбовни активности – и на пилотите и на други припадници на АРМ.

Тони Јаневски, началникот на канцеларијата за односи со јавноста на Генералштабот, објасни дека покрај пилотите, вежбовни активности имаат и други припадници на армијата, но не потврди дали станува збор за војник или за некаква опрема на војската закачена со сајли за хеликоптерите.