HomeДЕНЕШНАРегионВодство на независниот кандидат Радев на претседателските избори во Бугарија

Водство на независниот кандидат Радев на претседателските избори во Бугарија

rumen-radev-bg

Независниот кандидат генерал Румен Радев, кој ја има поддршката на најголемата опозициска сила во Бугарија, Бугарската социјалистичка партија (БСП), води во првиот круг од претседателските избори, според излезната анкета на агенцијата за социолошки истражувања „Алфа рисрч“.

Радев освоил 24,8 отсто од гласовите, додека кандидатот на владејачката партија Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ), актуелната претседателка на бугарското Народно собрание, Цецка Цачева освои 23,5 отсто, изјави Геновева Петрова од „Алфа рисрч“.

Според резултатите на „Галуп“ за Радев гласале 26,7 отсто од избирачите, а за Цачева 22,5 отсто.

Истражувањето на агенцијата „Маркет рисрч“ покажува дека Радев освоил 24,03 отсто, додека Цачева 23,46 проценти од гласовите.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com