Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаВо вторник политичките лидери на заедничка маса за блокираните преговори!

Во вторник политичките лидери на заедничка маса за блокираните преговори!

Четирите најголеми лидери, односно водачи на наголемите политички партии – Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети и Мендух Тачи – следниов вторник по терањето инает и развлекувањето на преговорите, повторно треба да седнат на заедничка маса, откако Работната група не успеа да ги затвори преостанатите отворени прашања од Договорот од Пржино.

Разговорите на Работната група од петокот се прекинати околу изборот на тројцата експерти за Државната изборна комисија, а исто така има застој и по прашањето за медиумите.

Лидерот на опозицијата, Зоран Заев, смета дека треба да се изберат експерти со меѓународно изборно искуство и без политички или партиски бои. Од владеачката ВМРО-ДПМНЕ велат дека се кооперативни и дека успехот на лидерската средба зависи од стратегијата на СДСМ.

ДИК треба да брои 9 члена. Веќе се утврдени партиските претставници: двајца од ВМРО ДПМНЕ, двајца од СДСМ и по еден од ДУИ и од ДПА. Работните групи досега неколку пати ги пробија роковите за речиси сите прашања од Договорот од Пржино…