Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАСветВо воздух се судрија два мали авиони, тројца загинати

Во воздух се судрија два мали авиони, тројца загинати

Нова авионска несреќа во САД каде при директен судар на два мали патнички авиони загинаа три лица.
Авионската несреќа се случила во сојузната држава Џорџија над аеродромот, потврдува Федерална администрација за авијација и најави истрага за причините за сударот.

Сударот, како што наведоа претставниците од ФАА, се случил на околу 70 километри западно од Атланта откако се обиделе да слетаат истовремено на аеродромот. Двајца од загинатите се инструктор за летање и неговата ученичка.