HomeАНТИСТРЕСШтосноВо виетнамски автобус четири патници и 120 кобри!

Во виетнамски автобус четири патници и 120 кобри!

kobre-t

Полицијата открила 120 кобри во кутии во автобус во Виетнам, со што е прекршена забраната за транспорт на животни или објекти опасни по луѓе. Кобрите со вкупна тежина од 220 килограми се наоѓале во 15 пластични кутии, а возачот на автобусот изјавил за полицијата дека бил ангажиран да изврши превоз на кобри од северната провинција Вин Фук до јужниот дел Хо Ши Мина.

Како што пренесуваат тамошните медиуми, полицијата запленила цел автобус и не сакала да го коментира настанот, така да не е јасно дали имало апсења. Интересно е тоа што во автобусот имало само четири патници. Кобрата се конзумира како деликатес во Виетнам и се користи како традиционален лек.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com