HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаВо верижен судар кај Мавроска четворица полесно повредени

Во верижен судар кај Мавроска четворица полесно повредени

Четири лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случи утрово во 7.45 часот, кај подвозникот што се гради кај трговскиот центар „Мавровка“.

Од МВР информираат дека во сообраќајката учествувале три автомобили, „опел“ и „голф“ со скопски таблички и „пежо“ со велешки таблички.

Во незгодата се повредени четири лица, и тоа еден возач и тројца сопатници. Сите се пренесени во Ургентниот центар.

Полицијата изврши увид, по што ќе бидат познати причините како настанала сообраќајката.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com