HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаВо уште една сообраќајка на тешки возила загина возач, еден е повреден

Во уште една сообраќајка на тешки возила загина возач, еден е повреден

Во уште една тешка сообраќајна несреќа за само неколку дена загина уште еден возач, овој пат на регионалниот патен правец Велес – Градско.

Во 13.25 часот во близина на местот викано „Венуле“, се случила сообраќајна незгода помеѓу камион „Сканија“ со штипски регистарски ознаки и приклучно „Коегел“, управувано од Д.П.(26) од Штип и камион „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки управувано од В.Ц.(57) од Пробиштип.

Од здобиените повреди на лице место починал В.Ц. од Пробиштип, а вториот возач е потешко повреден. Смртта ја констатирал лекар од Итна медицинска помош.

На Д.П. му била укажана лекарска помош во болницата во Велес,  каде му се констатирани тешки повреди и по укажаната лекарска помош е пуштен на домашно лекување. Увид на лице место извршила увидна екипа од полициската станица Кавадарци.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com