HomeДЕНЕШНАСветВо Турција испечатен џихадистички прирачник – терористите учат од книга полна смрт

Во Турција испечатен џихадистички прирачник – терористите учат од книга полна смрт

За време на воената операција за ослободување на енклавата која што била под опсада на терористите на северот на Латакија, сириските војници успеале да пронајдат бројни копии на „прирачници за терористи“. Книгата која што била испечатена во Турција, ги учи џихадистите како „правилно да водат борба на странска територија“ и како да употребуваат нуклеарни бомби, пренесува „Спутник“.

Прирачникот бил пишуван на арапски јазик под наслов „Водич за работа на Божјите војници“, а бил испечатен во Истанбул. На книгата било испечатено логото на издавачката куќа „Гураб“, контакт телефон, адреса на издавачот, како и меѓународниот ISBN број.
kna-dzihadisticka
Сирискиот војник кој успеал да прочита една од книгите, во разговор за „Спутник“ изјавил дека била „исполнета со омраза“ и дека „повикува на војна против луѓето кои што ја немаат истата вера како џихадистите“. Тој открил дека во книгата имало и прецизни упатства околу тоа „што треба да се стори со непријателите и нивниот имот“.

„Книгата опишува како правилно да се палат градовите кои што ќе ги освојуваат џихадистите, како треба да се исече секое дрво, да се уништи секоја трага на живот и како на правилен начин да се убиваат заробениците“, открива сирискиот војник.

Според сведочењето на војниците, во прирачникот пишувало дека џихадистите имаат право да се венчаат со своите заробенички, а се споменувала и можноста за „употреба на нуклеарно оружје“. Како што пренесува „Спутник“, книгта била забранета во Сирија поради „радикалната содржина и поради повикувањето на насилство и терор“.

Токму поради тие причини, како што пренесува „Спутник“, било одлучено да се објави само фотографија од насловната страна и од издавачката куќа сместена во Турција, но не и останатите делови од книгата кои што шират омраза и повикуваат на насилства.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com