HomeДЕНЕШНАРегионВо Тирана спектакуларно украден накит вреден пола милион евра

Во Тирана спектакуларно украден накит вреден пола милион евра

Крадци во Тирана изведоа „филмска“ кражба откако од златара собрале плен вреден нешто над половина милион евра. Тие влегле преку соседен објект со тоа што урнале дел од ѕидот, го исклучиле алармот и ги земале и снимките од безбедносните камери.

Од златарницата украдени се 10 килограми златен, 25 килограми сребрен накит, како и скапи рачни часовниџи, чија вредност достигнува над 500 илјади евра. Начинот на кражба е идентичен како и грабежот од пред два месеца во банката во Тирана.

Истата златарница ограбена е пред три месеци и како што вели нејзиниот сопственик Павло Шкарпа крадците не се откриени. За разлика од првиот грабеж, сега стоката била осигурана.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com