Tuesday, Apr 16, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаВо тетовскиот регион снабдувањето со струја е стабилно

Во тетовскиот регион снабдувањето со струја е стабилно

ЕВН Македонија ги санираше сите дефекти во инфраструктурата за електрична енергија и тетовскиот регион кој беше погоден од силно невреме со надоаѓање на силна вода и шут сега има стабилно снабдување со струја. Тука е поправена и третата критична трафостаница затрупана во селото Шипковица. Од ЕВН информираа дека нивни екипи ќе бидат на припремност на терен и ќе се вклучат во добротворните акции со сопствени средства за погоденото население.