Tuesday, Apr 16, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаВо тешка сообраќајка загинаа маж и жена, детето преживеа

Во тешка сообраќајка загинаа маж и жена, детето преживеа

Нова тешка сообраќајна несреќа се случи утрово на патот Удово – Демир Капија во која загинаа сопружници од Скопје по удар во патнички автобус. Според последните информации на МВР во автомобилот било и нивното седумгодишно дете, кое преживеало без повреди.

МВР првично соопшти дека во несреќата на самото место загинала Б.П., сопатничката во автомобилот „фиат сеиченто“ со скопски регистарски таблички. Неколку часа по несреќата починал и возачот на автомобилот Н.П. Полицискиот увид е во тек, а по негово завршување се очекува да бидат познати причините за несреќата.

Сообраќајот е во прекин во двата правца.

Извор: telegraf.mk