HomeДЕНЕШНАСветВо терористички напади минатата година убиени 29.376 лица

Во терористички напади минатата година убиени 29.376 лица

pripadnik-is

Бројот на жртви на тероризмот на светско ниво во 2015 година се намали за 10 отсто, што е прв пат после четири години бројот на жртви да се намалува, покажа Глобалниот индекс за тероризам 2016 (ГТИ). Според индексот на Институот за економија и мир, во терористички напади минатата година биле убиени 29.376 лица.

Од тероризам во 2015 година најпогодени биле Ирак, Авганистан, Нигерија, Пакистан, Сирија и Јемен, земји кои сочинуваат и 72 отсто од вкупниот број на жртви во минатата година, а Исламската држава е најсмртоносна група која убила 6.141 лице во 252 градови. Според ГТИ, ризикот од тероризам во Македонија, Србија, Црна Гора и Хрватска е минимален, додека одреден ризик постои и во Босна и Херцеговина и Косово.

Меѓутоа, бројот на земји кои регистрирале најголем број на жртви од тероризмот пораснал за 23, а најлошо погодени земји во изминатата година се Турција, Франција, Саудиска Арабија, Кувајт и Тунис.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com