Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионВо текот на изминатата ноќ 1.700 бегалци влегоа во Словенија

Во текот на изминатата ноќ 1.700 бегалци влегоа во Словенија

Од Хрватска во Словенија во текот на изминатата ноќ влегоа околу 1.700 бегалци, кои после тоа со возови и автобуси беа однесени на границата со Аврстрија.

Премиерот Миро Черар неодамна изјави дека доколку е потребно засилување на безбедноста спремен да изгради и ограда на границата со Хрватска.

Според неговите зборови, оваа ограда би требало да служи како пречка за поминување на границата и упратување на бегалците кон некои од граничните премини.

Според пишувањата, оваа ограда се очекува да биде изградена веднаш по завршувањето на изборите во Хрватска.

Сепак бизнисмените на Словенија сметаат дека оваа ограда треба да се набави од домашниот пазар од каде е поефтина, за разлика од мислењето на владата според која оваа ограда би сакала да биде донесена од страна.