HomeРЕФЛЕКТОРМузикаВо чест на Тоше ќе светне „Ѕвездено небо“

Во чест на Тоше ќе светне „Ѕвездено небо“

Фан клубот на Тоше Проески и оваа година ќе организира собир на плоштадот „Македонија“ во Скопје каде фановите ќе го рекреираат „Ѕвезденото небо“ кое тој го побара на неговиот последен концерт и оттогаш прерасна во редовна традиција. Овој пат на 5 октомври од 20 часот ќе се одржи деветтата манифестација „Биди и ти дел од ѕвезденото небо на Тоше“. На овој ден Тоше ги испеа хитовите од последниот албум „Игри без граници“. По 11 дена, утрото на 16 октомври 2007, Тоше загина во сообраќајна несреќа на пат кон Хрватска, на 26-годишна возраст.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com