Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаВо шума ќе се оди само попладне, следуваат високи казни

Во шума ќе се оди само попладне, следуваат високи казни

Стапува на сила превентивната мерка за забрана за одење во шума од 7 наутро до 17 часот попладе и таа ќе важи до 15 август со цел да се спречи предизвикување на пожари. Мерката ја воведе Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и важи за целата територија на Република Македонија, вклучувајќи ги и познатите излетнички места како на пример Водно.

Забраната нема да важи за организирани тури на посетители кои ќе имаат овластен претставник од ЈП Македонски шуми кои се надлежни. Доколку овие одредби не се почитуваат следуваат и големи парични казни за физичките и правните лица.