Sunday, Mar 26, 2017
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаВо судир на два авиони загинаа 5 лица во Сан Диего

Во судир на два авиони загинаа 5 лица во Сан Диего

Во близина на аеродромот Brown Field, Сан Диего, два мали авиони направиле директен судир во лет, по што загинаа пет лица. Во несреќата учествувал мал авион Сабрелајнер на воената компанија BAE Systems кој превезувал четири лица, додека пак во Цесната имало само еден пилот кој бил на патување.

По падот двата авиони експлодирале и дошло до силен пожар на тлото. Во истрагата ќе бидат вклучени и цивилни и воени експерти за воздухопловни несреќи за да се утврди точната причина за судирот.