Tuesday, Mar 19, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионВо Словенија ќе се гради фонтана од која ќе тече пиво

Во Словенија ќе се гради фонтана од која ќе тече пиво

За љубителите на пивото нема подобра вест од онаа дека во нивниот град ќе „никне“ фонтана од која ќе тече пиво. Ваквата фонтана е предвиндена да се изгради во словенчкиот град Жалец, познат по производството на хмељ.

Изградбата на  фонтаната е поддржана од мнозинството градски советници и национланата туристичка организација, кои сметаат дека овој проект  ќе биде одлична туристичка атракција и ќе биде добара реклама  и промотор на словенечките пива.

pivo_1

На ваквата одлука се противи конзервативнта партија која смета дека за изградба на фонтана од која наместо вода ќе тече пиво, е само залудно торшење на пари во општина која има само дваесетина илјади жители. Исто така тие смеатаат дека  платите во Жалец се за десет проценти пониски од просечните во државата и финансиската страна на проектот е „нетранспарентна“.

Освен за парите , конзерватината партија смета дека за изградба на фонтаната ќе треба да биде искористена зелена површина, односно тоа значи дека во корист на алкохолот ќе треба да бидат жртвувани и неколку дврја. Проектот кошта 350.000 евра од кои за сега гратскиот буџет може да обезбеди само половина. Градоначалникот се надева дека останатиот дел ќе биде собран од донации. Тој инфоримра дека кон овие средства ќе биде додадена и сумата од анонимен граѓанин кој ја уплатил на сметка на општинскиот буџет во 2014 година, а кои што пари ги добил од рекордната премија на лотаријата Евроџекпот.

Жителите на Жалец ја поддржуваат оваа изградба , покажува анкетата која била спроведена на оваа тема.