Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеВо Скопје повторно прскање против комарци

Во Скопје повторно прскање против комарци

Од град Скопје известуваат дека ќе се изврши авионско прскање против комарци на територија на главниот град во наредните денови, во петок и сабота од 05.30 до 08.00 часот наутро. Втората фаза пак, на теренското прскање против комарци на подрачјето на Град Скопје ќе се одвива од 28.06.2015 до 02.07.2015 (од недела до четврток), во период од 23 до 04 часот, наредниот ден.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на аеросолната дезинсекција, авионската дезинсекцијата ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин, а согласно на тоа ќе се извршува и терестричната дезинсекција. Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.