HomeДЕНЕШНАСкопјеВо Скопје вчера 13 сообраќајни незгоди, една со тешки повреди

Во Скопје вчера 13 сообраќајни незгоди, една со тешки повреди

Сообраќајната полиција во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Скопје изврши увид на вкупно 13 сообраќајни несреќи. Во една од нив со тешки телесни повреди се здобило едно лице, во две сообраќајки две лица се здобиле со полесни повреди и 10 сообраќајки се со материјална штета.

Како што информираа за МИА од СВР – Скопје, во текот на изминатиот ден по спроведените контроли над учесниците во сообраќајот од страна на сообраќајната полиција, откриени и санкционирани се поголем број прекршоци.

Санкционирани се четворица возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол, 23 возачи го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано, како и 10 возачи кои за време на управување на моторното возило го користеле мобилниот телефон односно не го носеле сигурносниот појас.

Затекнати се и 50 непрописно паркирани возила и пет пешаци кои поминале вон пешачки премин, односно поминале на црвено светло на семафор.

Со помош на специјалното возило пајак, во текот вчерашниот ден отстранети се 68 возила кои во поголема мера го попречувале нормалното одвивање како пешачкиот така и моторниот сообраќај.

Во рамките на проектот „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ денеска Одделението за превенција при СВР Скопје ќе реализира едукативни работилници во ООУ „Љубен Лапе“ со учениците од второ одделение, кое се наоѓа на подрачјето на општина Аеродром.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com