HomeАНТИСТРЕСШтосноВо Скопје формиран „Клуб цигар“ за хедонисти

Во Скопје формиран „Клуб цигар“ за хедонисти

alcohol-cigars

Неколку бизнисмени и поранешни функционери на 10 октомври поднеле документи, а денеска им биле одобрено да основаат Здружение на граѓани на централна, интелектуална граѓанска асоцијација за развој „Клуб Цигар Скопје“.

Претседател на здружението е Сибиновски, а основната цел на Здружението е унапредување на моралните и цивилизациски вредности на граѓанското општество, социјалниот,­ културниот и економскиот развој.

„Оваа цел здружението ја остварува со реализација на своите задачи за спроведување на истражувачки и аналитички проекти и активности, како и вршење на дејности и активности и организирање на настани од сферата на општествениот, економскиот, социјалниот, културниот и цивилниот живот на граѓаните. Остварувањето на целите и задачите на Здружението ќе придонесе за унапредување на економската, социјалната, културната, моралната, етичката и други сфери релевантни за севкупниот општествен и економски развој на Република Македонија, подобрување на бизнис, економска, едукативна, културна, научна и друга соработка помеѓу земјите од регионот и пошироко“, пишува во основачкиот документ.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com